Доаѓа филмската адаптација на компјутерската игра „Симс“

O 1913346 1024.jpg

Познатата компјутерска игра „Симс“ од 2000 година ќе добие филмска адаптација. LuckyChap, продукциска куќа предводена од Маргот Роби, Том Акерли, Џози Мекнамара и Софија Кери, ќе го продуцира филмот заедно со Рој Ли и Мири Јон од Вертиго Ентертејнмент.

Electronic Arts, која ја објави играта, ќе се вклучи и во креативни и продукциски капацитети, пишува The Hollywood Reporter.

„Симс “ е компјутерска игра за симулација на живот во која играчите играат со помош на аватари кои имаат променливи особини на личноста, вештини и врски и поминуваат низ секојдневните животни задачи како подготовка на вечера и украсување на домот.

Related posts

Прстенот на Гвен Стефани предизвика гласини дека тајно се омажила за Блејк Шелтон

CityLife

Дневен хороскоп за 14 мај 2026 година

CityLife

Напиток од три состојки кој ќе ви помогне да ослабете

CityLife