Даниел Крејг и режисерот Рајан Џонсон ќе добијат по 100 милиони долари за франшизата „Нож во грб“

Само една недела откако на „Нетфликс“ беа најавени две продолженија на крими трилерот Knives Out („Нож во грб“), нови детали откриваат колку навистина е профитабилна зделката.

Договорот беше изненадувачки, бидејќи сите претпоставуваа дека компанијата „Лајонсгејт“ ќе ги дистрибуира продолженијата како што направи со оригиналниот филм од 2019 година.

„Холивуд репортер“ открива нови детали за зделката, според кои, ѕвездата Даниел Крејг, сценаристот и режисер Рајан Џонсон, и продуцентот Рем Бергман ќе добијат по 100 милиони долари секој.

Првично се шпекулираше дека вредноста на договорот е повеќе од 450 милиони долари, а сега THR потврди дека вредноста се искачила на 469 милиони долари.

Истиот извор пренесува дека договорот му дава огромна креативна контрола на Џонсон, кој и ќе го напише сценариото и ќе ги режира продолженијата.

Related posts

„БРИТ авордс“ – музичките ѕвезди почнаа да пристигаат во Лондон

CityLife

Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика

CityLife

Иранец нашол злато во отпад, па ѝ го вратил на сопственичката

CityLife