Викенд се здружи со Сем Левинсон за нова драмска серија на „ХБО“

Канадскиот музичар Д Викенд својот фокус го насочи кон малите екрани, здружувајќи се со авторот на серијата „Еуфорија“, Сем Левинсон, за нова ТВ-серија на „ХБО“.

31-годишниот пејач чие вистинско име е Абел Маконен Тесфаје ќе го пишува сценариото заедно со Левинсон и ќе влезе во актерската екипа на серијата драма со наслов The Idol, објави „Варајети“.

Пејачот ќе го креира проектот заедно со Левинсон и Реза Фахим, а тројцата ќе бидат и извршни продуценти.

Серијата ќе следи поп-пејачка која започнува романса со енигматичен сопственик на ноќен клуб во Лос Анџелес, кој води таен живот како водач на култ.

Related posts

Дознајте која боја совршено го претставува вашиот хороскопски знак

CityLife

Што откриваат генетските истражувања за наследството на интелигенцијата

CityLife

Двејн Џонсон: Децата ме прашуваа дали сум девојче

CityLife