(ВИДЕО) Бурни реакции во Грција на прикажувањето на врската меѓу Александар Велики и Хефестион како хомосексуална на Нетфликс

O 1907134 1024.jpg

Приказот на романтичната врска меѓу Александар Македонски и неговиот генерал Хефестион во документарниот филм „Alexander: The Making of a God“ предизвика бурни реакции во Грција.

Грчката министерка за култура Лина Мендони го критикуваше документарниот филм „Нетфликс“ за Александар Велики, опишувајќи го како „фикција со исклучително слаб квалитет“ со „слаба содржина полна со историски неточности“.

Мендони ја коментираше серијата затоа што прикажува романтична врска помеѓу војсководецот и неговиот близок пријател и генерал Хефестион.

Грчкиот весник „Елефтерос типос“ го нарече документарниот филм „извртување на вистината“ и го обвини Оливер Стоун дека започнал „пропагандна кампања за хомосексуалноста на Александар“ со неговиот филм „Александар“ од 2004 година.

Лидерот на десничарската политичка партија „Ники“ Димитрис Нациос ја нарече серијата „бедна, неприфатлива и историски неточна“, тврдејќи дека има за цел „сублиминално да го пренесе впечатокот дека хомосексуалноста била прифатлива во античко време, што нема никаква основа“.

На прашањето во парламентот што мисли за документарната серија, Мендони рече дека е „полна со историски неточности и ја демонстрира невнимателноста на режисерот и сиромаштијата на сценариото“.

Зборувајќи за односот на Александар со Хефестион, Мендони додаде дека „никаде во изворите не се споменува дека нивната врска отишла подалеку од пријателството“.

„Знаете и дека концептот на љубов во античко време бил широк и повеќедимензионален. Не можеме да ги толкуваме постапките и луѓето кои живееле пред 2.300 години според нашите сегашни стандарди, норми и претпоставки. На Александар Велики никогаш, па ни сега, не му требало интервенција на несакан заштитник на споменот на него, а особено на личноста и моралот“, рече грчката министерка за култура.

Кога Нациос праша дали владата ќе преземе мерки против Нетфликс, Лиза Мендони одговори дека таквиот потег би бил неуставен, бидејќи грчкиот устав ја штити слободата на уметничко изразување од почетокот на 19 век.

-Министерството за култура не практикува цензура, ниту спроведува мерки што резултираат со прогон или забрана. Не манипулира, ограничува, ниту контролира ширењето на информации и идеи, ниту е превентивно или репресивно – додаде Мендони.

Ова не е прв пат Нетфликс да се најде на удар на критики за документарен филм. Минатата година, серијата „Кралицата Клеопатра“ беше широко осудена, вклучително и од египетското Министерство за антиквитети, затоа што беше ангажирана црна жена да го игра древната египетска фараонка.

Related posts

Градот распослан на два континенти бил најпривлечен за туристите во минатат година

CityLife

Дамијано: Сигурно не би користел кокаин пред камера, глупав сум ама не до толку!

CityLife

Австралиска фарма со рекорд за најголема боровинка во светот

CityLife