Вакцина против старечките „зомби“ клетки

Penzioneri.webp.webp

Јапонски тим научници објави дека се на работ на вакцина што ќе ги уништи застарените, уште наречени и „зомби“ клетки, чијшто број се зголемува со возраста и што влијаат на околните клетки, што доведува до нарушувања поврзани со возраста, вклучително и намалена еластичност на артериите.

Застарените тн. „зомби“ клетки што престанале да се делат, но не умираат, предизвикуваат воспаление со ослободување хемиски соединенија што ги оштетуваат здравите клетки. Знаејќи го тоа, истражувачите откриле протеин што е распространет во старите клетки и кај глувците и кај луѓето. Така се развила пептидна вакцина заснована на една од аминокиселините на протеинот. Истражувањето, коешто го спроведе професорот на Јунтендо Универзитетот во Токио, Тору Минамино, и неговиот тим, открива дека глувците коишто биле вакцинирани имале пониски нивоа на такви старечки клетки, особено во органите со крути крвни садови.

– Може да очекуваме вакцината да биде применлива за третман на артериска вкочанетост, дијабетес и други болести поврзани со стареењето, вели Минамино.

Вакцината предизвикува производство на антитела коишто се врзуваат за старите клетки, а тие пак, потоа се елиминираат од белите крвни клетки што се лепат за антителата.

Related posts

Кина испраќа две панди во Сан Диего како гест на пријателство со САД

CityLife

Фановите загрижени за Мадона поради бројните естетски зафати: Мислев дека е вонземјанин

CityLife

Адвокат на Амбер Херд тврди дека таа не е под истрага за лажно сведочење

CityLife