Брижит Маркон, првата дама на Франција, ќе се појави во новата сезона на серијата „Емили во Париз“, објави Мирор.
Сопругата на Емануел Макрон е видена на снимањето на серијата заедно со главната актерка Лили Колинс.
Брижит Макрон претходно откри дека ја обожава споменатата серија, а таа беше тема на епизода во првата сезона. Сега таа ќе има можност лично да се појави во една од епизодите.
Актерката Лили Колинс беше прашана во интервју во 2022 година дали се сретнала со претседателот на Франција. „Ја запознав неговата прекрасна сопруга. Таа ја сака серијата”, изјавила тогаш актерката, пишува Мирор.
За потсетување, серијата „Емили во Париз“ имаше премиера во 2020 година на Нетфликс, а оттогаш се снимени три сезони.