Бред Пит сам ги изведува опасните сцени во новиот трилер

Бред Пит сам ги изведува сите акробации во претстојнииот акција-трилер „Булет треин“, асоцијација на јапонскиот воз-куршум.

Грег Рементер, координатор за каскадери и филмски трикови, изјави за Vulture дека 57-годишниот Бред направил 95 проценти од физичките акробации и борбени секвенци за трилерот, во кој играат Сандра Булок, Мајкл Шенон, Џои Кинг, Брајан Тајри Хенри, Зази Битс, Ендру Коџи и Маси Ока.

Рементер додаде: „Тој е како роден атлетичар. Тој навистина се внесе во улогата!“

„Никогаш не сум работел со толку многу големи имиња во еден игран филм, во кој сите брилираа во физички движења на нашиот тренинг“, изјави тој за порталот.

„Сите актери изведоа одлична акција и направија многу свои работи“, додаде тој.

Новиот и многуочекуван акционен трилер е во режија на Дејвид Лич. Заплетот прикажува пет платени убијци што се наоѓаат во истиот брз воз од Токио до Мориока и нивните меѓусебни конфликти.

Related posts

Викторија Бекам моќна и женствена во црн класичен костум

CityLife

Дали се ве чеша после туширање? Еве што може да ја иритира вашата кожа

CityLife

Вистина или не? Дали брусницата спречува уринарни воспаленија?

CityLife