Бритни Спирс плачела 2 недели по објавувањето на документарецот за неа

Britney.jpg

39-годишната пејачка беше тема на неодамна објавениот документарец на „Њујорк Тајмс“, а во вторникот за првпат го прекина молкот за филмот, признавајќи дека се чувствувала засрамена од содржината на продукцијата.

Framing Britney Spears ги истражува проблемите околу славата на Бритни, вклучувајќи го и нервниот во 2008 година, што резултираше со тоа да биде ставена под трајно старателство на татко ѝ, а пејачката рече дека гледањето делови од филмот ја оставило во солзи.

Во објава на Инстаграм, таа напиша: Мојот живот отсекогаш се шпекулираше … бев нагледувана … и судена целиот мој живот !!! За здрав разум треба секоја вечер од мојот живот да танцувам за да се чувствувам диво и човечко и живо !!! Изложена сум цел живот настапувајќи пред луѓе !!!

„Не го гледав документарниот филм, но од она што го видов бев засрамена од светлината во која ме ставија … плачев две недели и … сè уште плачам понекогаш,“ пишува Бритни.

Related posts

(Видео) Прв трејлер за „Одред самоубијци“

CityLife

Mадона го покажа својот младешки тен за нова фотосесија

CityLife

Софија Ричи позира во живописни бикини

CityLife