Арми Хамер се пријавил на рехабилитација

20210610 armiehammer ig.jpg

Арми Хамер, наводно, се пријавил во клиника за рехабилитација за лечење од зависности.

Извори за магазинот „Венити фер“ тврдат дека актерот од „Ребека“ги напуштил Кајманските острови, каде помина голем дел од минатата година, за да добие третман за лекување на неговите проблеми со дрога, алкохол и секс.

Според истите извори, тој престојува во болнички установа во Флорида од 31 мај.

Арми има поддршка од отуѓената сопруга Елизабет Чемберс со која се раздели минатото лето, и од семејството со поранешна сопруга и нивните деца Харпер (6) и Форд (4), кои го придружуваа на аеродромот кога се врати во САД.

Еден семеен пријател за списанието изјави дека sвездата на Call me by Your Name е посветен на заздравување и старателство над своите деца.

Related posts

Најлесната чанта од тврд материјал досега

CityLife

БЕТ-награди 2021: Карди Би го украде шоуто откривајќи дека е бремена

CityLife

Саем за козметика, нега на коса и естетика “Beauty Expo 24” по вторпат во Скопје

CityLife