Аријана Гранде тајно го врза јазолот со Далтон Гомез изминатиот викенд.
Пејачката и нејзиниот партнер Далтон викендов се венчаа на мала и интимна церемонија на која присуствуваа само неколку членови на нивното најблиско семејство и пријатели, потврди нејзиниот претставник.
„Тие се венчаа. Беше мало и интимно – помалку од 20 луѓе. Просторијата беше толку среќна и полна со љубов. Двојката и двете семејства не можеа да бидат посреќни,“ рече претставникот во изјава за магазинот „Пипл“.
Венчавката на Аријана и Далтон се одржа во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.
“И Ари и Далтон го сакаат Монтесито. Тие поминуваат многу време таму. Се чини сосема природно да се венчаат во прекрасната и историска куќа на Ари,“ анонимен извор близок до парот открива за „Пипл“.
Пејачката (27) ја објави својата свршувачка со 25-годишниот агент за недвижнини во декември, кога на Инстаграм сподели фотографија од нејзиниот прстен.