Анџелина Џоли загуби на суд каде што заврши откако Бред Пит ја обвини дека го продала својот удел во лозјето Миравал на руски олигарх за 64 милиони долари без негова согласност.
Во новиот судски спор, кој се води меѓу поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит, победата отиде во корист на холивудскиот актер, кој се бори за контрола над француското лозје, кое своевремено го купи со поранешната сопруга.
Замокот Миравал и придружното лозје, каде што се произведува наградувано пенливо розе, со години се во центарот на правната битка меѓу Анџелина и Бред, а Џоли се обиде да ја поништи прелиминарната пресуда во Врховниот суд во Лос Анџелес со најновата тужба.
Станува збор за тужба во која Бред Пит тврдеше дека Анџелина го продала својот дел од нивното лозје на рускиот олигарх Јури Шефлер во 2021 година без негова согласност.
Судот ги отфрли наводите и обвинувањата на Анџелина дека неговата тужба е „несериозна, злонамерна и дел од проблематична шема“.
За Бред Пит и неговиот правен тим, ова сега значи дека имаат зелено светло да го изведат целиот процес на суд, во кој актерот ја тужи поранешната сопруга за прекршување на нивниот меѓусебен договор дека секој од нив својот дел прво би го понудиле еден на друг за откуп.
Судијката Лиа Мартин ги отфрли обидите на адвокатите на Џоли да го отфрлат барањето за прекршување на имплицираниот договор, што беше последен удар за актерката и рускиот тајкун.