Алек Болдвин povtorno обвинет за убиство од небрежност

Alec Baldwin.webp.webp

Поротата во Ново Мексико го обвини американскиот актер Алек Болдвин за убиство од небрежност за време на снимањето на филм во октомври 2021 година. Болдвин претходно беше обвинет за смртта на снимателката, но обвиненијата беа отфрлени минатиот април, само две недели пред почетокот на судењето, пишува Би-би-си.

Локалните обвинители наведуваат дека нашле дополнителни факти поради кои бараат ново судење. Потсетуваме, актерот на филмскиот сет со реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс. Во инцидентот е повреден и режисерот Џоел Соуза. На снимањето на нискобуџетен вестерн, Болдвин вежбал сцена со револвер и испукал вистински куршум во камерманката Хачинс, која набргу потоа починала.

Болдвин ја отфрли одговорноста за убиството, велејќи дека го навивал револверот, но никогаш не го повлекол чкрапалото и дека Гутиерез-Рид и другите експерти за огнено оружје требало да се погрижат да нема куршуми во него.

Обвинителите во Ново Мексико последователно спроведоа дополнително форензичко тестирање на пиштолот со кој е пукано во Хачинс и рекоа дека анализата на оружјето покажала дека пиштолот не можел да пука без да се повлече чкрапалото.

Related posts

(Видео) Погледнете ја оваа суперјахта вредна 60 милиони долари

CityLife

Принцот Хари и Опра домаќини на втората епизода на серијата за ментално здравје

CityLife

Седум начини за намалување на крвниот притисок без употреба на лекови

CityLife