Џорџ Клуни на сите им кажува колку е среќен со сопругата Амал

Џорџ и Амал Клуни имаат солиден брак и тие уживаат во брачниот живот заедно со своите тригодишни близнаци Ела и Александар.

Инсајдер за „Ју-ес викли“ откри дека Џорџ, кој ќе наполни 60 години следната недела, им кажува на сите дека тој погодил џекпот со тоа што ја има Амел за своја сопруга.

„Клуни се смета себеси за среќен и благословен, а сопругата ја опишува како извонредна,“ вели изворот и додава дека и двајцата вложуваат постојан напор во бракот.

„Како и секој брак, и тие имаа свои предизвици и требаше да се прилагодат на одредени ситуации и предизвици“, рече инсајдерот за весникот.

Холивудскиот актер (59) и 43-годишната адвокатка и активистка за човекови права се венчаа во Италија во 2014 година и имаат куќа на езерото Комо која често ја посетуваат.

Related posts

Инфлуенсерка во САД изгладнувала деца: „Живееја како во концентрационен логор“

CityLife

Докторка тврди дека овие три намирници се најлоши за мозокот

CityLife

Вратете го сјајот на косата со овие едноставни трикови

CityLife