Џими Кимел покажа фотошопиран мускул на раката додека прима вакцина

Jimmy Kimmel.jpg

Џими Кимел е официјално вакциниран против Ковид-19.

53-годишниот водител на популарното ТВ- шоу „Џими Кимел лајф“ се појави на Инстаграм во вторникот за да ја сподели веста.

Комичарот и во оваа пригода реши да направи нешто интересно за своите следачи на социјалната мрежа, па така, сподели фотографија на која покажува фотошопирани бицепси.

Интересниот снеп го покажува Кимел седнат на стол со засукан ракав од маица, додека медицински работник става игла во мускулот на надлактицата.

И покрај тоа што се пофали со статусот „вакциниран“, познатиот водител не откри дали примил вакцина Модерна, Фајзер или Џонсон и Џонсон.

Related posts

Тајгер Вудс во сообраќајката возел со двојно поголема брзина од ограничената

CityLife

Во Мостар исчезна статуата на Брус Ли, истрагата на полицијата е во тек

CityLife

Ова се најинтересните хороскопски знаци

CityLife