Џејми Оливер по Белград отвора ресторан и во Порто Монтенегро во Црна Гора

Jamie Oliver On The Opening Of His New London Restaurant His Highly Anticipated Return To The Uk Dining Scene.jpg

Ресторан на познатиот готвач и ТВ ѕвезда Џејми Оливер ќе биде отворен во Црна Гора.
Претходно во Белград беше отворен ресторанот „Jamie’s Italian“.

Зад целиот проект стои добро координирана екипа која го води познатиот локален угостителски ланец „Кафетерија“.

Ко-сопственикот на „Кафетерија“ Марко Вукомановиќ објави на Линкедин, по повод отворањето на ресторанот во Белград, дека следниот „Jamie’s Italian“ ќе биде отворен во „Порто Монтенегро“ на црногорското приморје.

-Голем ден за сите нас во Кафетерија. Вратите на првиот ресторан „Jamie’s Italian“ во Белград денеска се отворени! Голема благодарност до целиот тим кој трпеливо работеше на овој проект точно една година, а посебна благодарност до мојот партнер Зоран Станојевиќ кој веруваше и го турка овој проект од самиот почеток. Се гледаме во Белград на вода веќе утре, а наскоро и во Порто Монтенегро – напиша Вукомановиќ.

Related posts

Овие хороскопски знаци секогаш зрачат со позитивна енергија

CityLife

Џуди Денч не сака да ја нарекуваат национално богатство

CityLife

БЕТ-награди 2021: Карди Би го украде шоуто откривајќи дека е бремена

CityLife