Џенифер Лопез се дружи со поранешниот партнер Бен Афлек

20210503 Jlo Reuters.jpg

Дали Џенифер Лопез и Бен Афлек планираат љубовен камбек?

Sвездата на „Хастлерс“ беше видена како минува време со 48-годишниот актер за време на викендот, а извори блиски до Џенифер и Бен откриваат дека двајцата сè уште одржуваат блиско пријателство и симпатии откако нивната двегодишна врска заврши во 2004 година.

„Тие поминаа доста време заедно во Лос Анџелес во текот на изминатата недела. Имаат многу љубов еден кон друг. Тие секогаш се восхитувале еден на друг,“ објави магазинот „Пипл“, цитирајќи анонимен извор.

Џенифер (51) повторно се здружи со Бен по разделбата со нејзиниот сега веќе поранешен свршеник Алекс Родригез со кого беше во врска четири години.

Неодамна некои таблоиди објавија дека по разделбата со Алекс, Џенифер се потпира на нејзиниот поранешен сопруг, Марк Ентони, со кого има 13-годишни близнаци Ема и Макс, и дека тој, наводно, ѝ помога во грижата за нивните деца во овој турбулентен период за неа.

Related posts

Џенифер Лопез се потпира на поранешниот сопруг по разделбата со свршеникот

CityLife

Древна историја: Шерон Стоун за фамозната сцена во „Ниски страсти“

CityLife

„Гугл“ најави нови отпуштања во 2024 година, сака да ги пренасочи парите за развој на Al

CityLife