Џенифер Лопез паузира среде напорно снимање на новиот филм

Џенифер Лопез зеде здив од снимањето на Shotgun Wedding во Доминиканската Република за да се релаксира покрај нејзината омилена лагуна.

И покрај тоа што изгледа спокојно во стилски искината венчаница, во рајот во последно време се појавија неволји, и во приватниот живот и во врска со филмот.

Имајќи ја предвид ненадејна реконструкција на кастингот откако една жена го обвини Арми Хамер (еден од актерите во филмот) за сексуално насилство, како и медиумските извештаи за раскол меѓу неа и вереникот Алекс Родригез, се чини дека Џенифер (51) поминува низ неколку тешки месеци.

Таа направи пауза од снимањето за да го провери својот телефон и да се релаксира покрај живописната лагуна во невестинска тоалета од филмот.

Related posts

(Видео) Крис Прат со апел пред дебито на „Утрешната војна“: Исклучете ги мобилните телефони

CityLife

Во Германија пронајдена гробница со повеќе од 1.000 скелети, најверојатно жртви на епидемија

CityLife

Бијело Дугме ќе прослави пола век постоење со концерти: Славеничката турнеја започнува во Сараево на 11 мај

CityLife