Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

Struja.webp.webp

Нуклеарната фузија произведе најмногу енергија досега во еден експеримент, во Лабораторијата „ЏЕТ“ во Оксфордшир, доближувајќи го светот еден чекор поблиску до неограничен пристап до чиста енергија. Резултатот е постигнат во најновиот експеримент на лабораторијата по повеќе од 40 години истражување на фузијата.

Лабораторијата се наоѓа во Велика Британија, а европските научници кои работат во установата велат дека „постигнале работи што никогаш порано не се направени“, пренесуваат тамошните медиуми. Нуклеарната фузија е процес напојуван од Сонцето, пришто ситните честички се загреваат и се спојуваат за да создадат една потешка честичка што ослободува корисна енергија.

Доколку успешно се зголеми во обем, овој резултат би можел да биде решение за производство на големи количини чиста енергија без испуштање штетен јаглерод-диоксид.

Related posts

Небесен базен распнат меѓу висококатници само за најхрабрите, но и за оние со длабок џеб

CityLife

Кејт Мидлтон излезе од болница, го продолжува опоравувањето дома

CityLife

Оваа храна го штити здравјето на очите и го подобрува видот

CityLife