Четиригодишно дете за 2.618 долари нарачало лижавчиња со ликот на Сунѓерот Боб

Четиригодишно дете од Њујорк направило голема сметка за семејството кога од „Амазон“ тајно нарачал лижавчиња во форма на цртаниот лик – Сунѓерот Боб, во вредност од 2.618 долари.

Ноа Брајант од Бруклин нарачал 51 пакет во кој имало 918 лижавчиња да бидат доставени до куќата на неговата тетка, објави „Гардијан“.

„Амазон“ најпрво соопшти дека нема да се откаже од нарачката, па затоа мајката на момчето, инаку студентка по социјални служби, Џенифер Брајант, треба да плати голема сума. Но, приказната добила среќен крај – од „Амазон“ рекле дека тие се во контакт со семејството Брајант и дека ќе донираат лижавчиња за локалната хуманитарна заедница.

Во меѓувреме, страницата „GoFundMe“ собра повеќе од 11.000 долари за да им помогне на момчето и на неговото семејство.

Мајката рекла дека сите дополнителни пари што ќе бидат собрани ќе се наменат за образованието на Ноа, кој има нарушување на аутистичниот спектар (АСД).

„ Како родител на дете кое има АСД, донацијата ќе биде наменета за неговото образование и дополнителна поддршка. Немаме зборови за да опишеме колку сме благодарни на вас, искрено”, напиша Џенифер Брајант на страницата „GoFundMe“.

Related posts

Починаа најстарите сијамски близнаци на светот

CityLife

Зендаја во центарот на вниманието на Неделата на високата мода во Париз

CityLife

Финансиските резултати на ОКТА за четвртиот квартал и 12 месеци од 2023 година

CityLife