Хајди Клум во правна битка со таткото за името на ќерката

Хајди Клум води правна битка со татко ѝво врска со името на својата ќерка.

Sвездата на „Америка има талент“ и татко ѝ Гинтер се во расправија околу комерцијалните зделки на најстарата ќерка на Хајди, Лени (17), која е модел.

75-годишниот Гинтер го заштитил името на Лени и ги регистрирал своите документи во Европската унија во март годинава, каде што го заштител и прекарот на Лени, Mausekatze, што кога би се превело од германски значи глувче-мачка.

Сепак, 47-годишната Хајди покрена судски спор и се обиде самата да се избори за правата над името на Лени.

Германскиот адвокат Стефан Рубен за весникот „Билд“ изјави: „Ако Гинтер Клум ги прекршил правата на трети страни, му се заканува судска мерка, која доколку биде одобрена, ќе го чини 250.000 евра или шестмесечен затвор.

Засега нема судска мерка, но адвокатите му се заканија. Затоа тој испрати писмо, кое го објави на својот Инстаграм-профил, каде напиша: Дури ми се заканувате со затворска казна.

Гинтер, исто така, тврди дека секогаш се занимавал со правата на семеен заштитен знак бидејќи Лени го носи името на неговата мајка. Тој смета дека правата на нејзиниот заштитен знак треба да му припаѓаат нему.

Related posts

Се снима ново продолжение на Бриџит Џонс, една од главните ѕвезди нема да биде таму

CityLife

Синот на Џејми Оливер има само 13 години, долго време готви, а сега објавува книга со рецепти

CityLife

Организаторите на „Греми“ ги менуваат правилата по обвинувањата за корупција

CityLife