Хари Потер квиз-серија за фановите по повод 20-годишнината на филмот

Дали ги познавате вашите Грифиндори од вашите Дементори? Кој беше полукрвниот принц? Што можете да купите во Оливандерс?

Фановите на Хари Потер можат да го проверат своето знаење за книгите и филмовите во нова серија ТВ-квизови што ја лансира WarnerMedia за да се емитува подоцна оваа година, како дел од прославата на 20-годишнината на првиот филм во авантурите на момчето волшебник.

„Ворнер медија“ во средата соопшти дека кастингот е отворен за фановите кои сакаат да учествуваат во четири едночасовни квизови.

Квиз-емисиите ќе бидат дел од петтодневни ретроспективи со појава на изненадни гости во она што Ворнер-медија го нарече Play Along компонента во која фановите на Потер можат да учествуваат со тоа што ќе се облекуваат дома.

Таканаречените спешлс ќе бидат емитувани на „Ејч-би-о макс“, „Картун нетворк“ и „Ти-би-ес“ подоцна оваа година.

Related posts

Џенифер Анистон откри што украла од гардеробата на Кортни Кокс во „Пријатели“: Сè уште го носам

CityLife

Гугл подготвува одлична нова опција „Заокружи и пребарај“

CityLife

Страшна смрт: Избезумено трчал за да стигне на лет, а потоа го вшмукал моторот на авионот

CityLife