Тејлор Свифт го собори рекордот на „Битлси“ со трет албум број 1 за помалку од една година

0 taylor swift main.jpg

Тејлор Свифт го сруши рекордот на топ листите поставен од „Битлси“, откако нејзината реиздадена верзија на Fearless  се најде на првото место на официјалната табела за албуми.

31-годишната музичарка успеа нејзиниот трет албум Fearless (верзија на Тејлор) да се искачи на врвот на топ-листата само 259 дена по успехот на Folklore (31 јули) и Evermore (18 декември), што значи дека сега го држи рекордот за најбрза акумулација на три албуми број 1 на табелата во Велика Британија.

Пред Тејлор да го постигне ова, „Битлси“ – легендарниот бенд кој го сочинуваа Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар – го држеа рекордот 54 години со три албуми на место број еден 364 дена (1965- 1966). Тоа беа албумите Help! , Rubber Soul и Revolver.

Related posts

Врховниот суд на Алабама пресуди дека замрзнатите ембриони се деца, под закана ин витро оплодувањето

CityLife

Африка ја запира преработката на какао

CityLife

Познат лек за болка може да предизвика срцев и мозочен удар доколку се користи подолго

CityLife