„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци

D0bcd0b0d181d0ba D0bfd180d0bed0b4d0b0d0b4d0b5 D0b0d0bad186d0b8d0b8 D0bdd0b0 D182d0b5d181d0bbd0b0 D0b7d0b0 D183d188d182d0b5 63d57be4bd577.jpeg

Ново истражување во САД посочува дека 35 од најголемите американски компании им донеле на своите одбори на директори повеќе отколку што плаќале за федералните даноци на доход во периодот од 2018 до 2022 година.

Како што пренесува „Јаху“, според наодите, најлошиот престапник е – „Тесла“. Имено, компанијата на Илон Маск во овие пет години заработила 4,4 милијарди долари, а на своите директори им донела 2,5 милијарди долари. И покрај сѐ тоа, фирмата не само што не плаќала федерален данок, туку добила милион долари поврат од властите. Анализата е на Институтот за политички студии во САД и здружението „Американци за даночна правичност“.

Самиот Маск е вториот најбогат човек во светот. Според „Форбс“, тој има нето-богатство од 207,9 милијарди долари на почетокот на март оваа година.

„Тесла“ е една од 35-те компании. Севкупно гледано, директорите заработиле 9,5 милијарди долари во текот на наведените пет години. Вкупно, истите тие компании (сите освен една) добиле 1,8 милијарди долари поврат од американската Влада. 

Точно 18 од овие бизниси пријавиле нето-добивка во текот на петте години, но не платиле ниту цент од федералниот данок на доход. 

Наводите говорат и за други значајни компании, како „Ти-мобајл“, „Нетфликс“, „Форд мотор“, „Меч груп“. Така, на пр., „Ти-мобајл“ заработил 17,9 милијарди долари, а директорите зеле 675 милиони долари и 80 милиони долари поврат на средства. Мобилниот провајдер потрошил доста пари и на лобирање во Конгресот за даночни олеснувања – девет милиони долари само во 2022 година. 

„Нетфликс“ платил дел од даноците, се наведува, но 236 милиони долари се само 1,6 отсто од заработката од 15,1 милијарда долари за тие пет години – и нешто повеќе од третина од она што го добил тамошниот одбор директори. Инаку, законската стапка за федералниот данок на доход е 21 отсто. 

Related posts

Билки и есенцијални масла кои најдобро се вдишуваат на старомоден начин

CityLife

Маж во Германија се јавил во банка и рекол дека е директор, му префрлиле 180.000 евра

CityLife

Метју Меконахи имал осум години кога сакал да стане татко

CityLife