Таткото на Бритни Спирс бара истрага за нејзините тврдења за злоупотреба

Џејми Спирс, таткото на Бритни Спирс, побара истрага за тврдењата на поп-ѕвездата дека била малтретирана во текот на легалниот конзерваторски надзор, со тоа што и била одземена можноста да донесува сопствени медицински одлуки.

На поднесувањето документи во суд доцна во вторникот (29 јуни), адвокатите на Џејми Спирс рекоа дека „тој многу се натажил кога слушнал за тешкотиите и страдањата на неговата ќерка и верува дека мора да има истрага за овие тврдења“.

Бритни Спирс е под конзерваторски надзор – термин кој се користи во САД за трајно старателство со целосна контрола врз животот и имотот на едно лице – откако доживеа нервен слом во 2008 година.

Таа минатата недела пред судија во Лос Анџелес изјави дека била принудена да пие литиум спротивно на нејзината волја, дека ѝ е забрането да се омажи или да го отстрани уредот за контрацепција, и дека сака да се стави крај на насилното конзерваторство.

Related posts

Фановите на Тина Тарнер бараат таа да добие место во Куќата на славните на рокенролот како соло уметник

CityLife

Маск: Традиционалните медиуми лажат, Ројтерс е најлош

CityLife

Ден Бутнер помина 20 години истражувајќи ја долговечноста. Ова се навиките кои тој ги ископира

CityLife