Снимањето на „Невозможна мисија 7“ повторно прекинато

20210604 TomCruise Reuters.jpg

Снимањето во Велика Британија на „Мисија: невозможно“, најновиот од акционата сага, е прекинато две недели откако некои луѓе кои работат на филмот имале позитивен тест за коронавирус, соопшти „Парамаунт Пикчрс“ во четвртокот.

Филмското студио не соопшти кој или колку луѓе биле позитивни на тестот, но британскиот весник „Сан“ објави дека sвездата Том Круз не е меѓу нив.

“Привремено ја запревме продукцијата на Mission: Impossible 7 до 14 јуни поради позитивни резултати од тестот за коронавирус во текот на рутинско испитување. Ние ги следиме сите протоколи за безбедност и ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата”, се вели во соопштението на Парамаунт.

Весникот „Сан“, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека 14 членови на продукцијата биле позитивни на тестот по снимањето на сцена во ноќен клуб, и дека Круз, како и другите луѓе кои работат на сетот, ќе мора да се самоизолира 14 дена.

„Невозможна мисија“ е меѓу најголемите франшизи во Холивуд. Седмиот филм во серијалот беше еден од првите филмови што ја прекина продукцијата поради пандемијата. Снимањето во Венеција, Италија беше откажано во февруари 2020 година.

Related posts

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

CityLife

На кров во Лондон, хорот на Кралската опера со уникатна изведба

CityLife

Вива Италија! Лејди Гага фрлаше лалиња кон римските фанови

CityLife