Рики Мартин тврди дека не ги манипулирал жените со кои бил во врска

Рики Мартин инсистира на тоа дека не довел никого во заблуда кога излегувал со жени.

49-годишната поп-sвезда излегуваше со многу жени пред да обелодени дека е хомосексуалец во 2010 година, но тој ги отфрли тврдењата дека бил нечесен со своите девојки и објасни дека неговата сексуалност не е црно-бела.

„Сексуалноста е комплицирана работа,“ рече тој.

„Не е црно-бело. Исполнета е со бои. Кога излегував со жени, бев за вљубен во жени. Се чувствував како што треба, се чувствував убаво. Не можете да лажирате хемија – хемијата беше таму со нив. Јас не замајував никого”.

Рики беше прашан за неговата сексуалност во текот на интервјуто со Барбара Волтерс во 2000 година, 10 години пред да открие во јавност дека е хомосексуалец.

Во тоа време, тој ја отфрли шансата да ја каже вистината, но сега признава дека ќе било многу подобро да се чувствувал доволно храбар тогаш да го стори тоа.

Рики, кој е во брак со сликарот Хуан Џосеф,за магазинот „Пипл“изјави: „Многу луѓе велат, што би направиле поинаку? Па, можеби требаше да бидам поискрен на тоа интервју.“

„Ќе беше многу подобро затоа што кога ја открив мојата сексуална определба, се чувствував неверојатно.“

Related posts

Газирана вода го намалува апетитот

CityLife

Коренот на едно растение засекогаш ќе ве ослободи од стресот

CityLife

Зошто е важно појадокот да содржи протеини

CityLife