Синот на принцот Хари и Меган денес полни две години, среќен роденден Арчи!

Gettyimages 1177039058 1.jpg

Првите две години од животот на Арчи Маунтбатен-Виндзор сигурно беа многу зафатени. Војводата и војвотката од Сасекс направија два преседани во кралската традиција – тие организираа интимна приватна крштевка на нивниот син во капелата во замокот Виндзор, и решија да не го откриваат идентитетот на неговите кумови.

Но, наскоро бебето Арчи се врати во кралскиот колосек, и тој патуваше низ светот со неговите родители, придружувајќи им се на принцот Хари и Меган на нивната 10-дневна кралска турнеја низ Африка во септември и октомври 2019 година. Таму го запозна архиепископот Дезмонд Туту – секако прилично голема чест за едно бебе.

Арчи го помина својот прв Божиќ со своите родители во Канада, наместо со остатокот од кралското семејство во Сандрингем – одлука што имаше многу повеќе смисла во светло на објавата на Хари и Меган во јануари 2020 година за нивниот план да се повлечат од кралскиот живот . Двојката предвиде дека иако сакаат да го воспитуваат Арчи со благодарност за кралската традиција во која е роден, тие се надеваа дека транзицијата ќе му обезбеди на малото семејството простор да се фокусира на следното поглавје.

А денес, кога Арчи Маунтбатен-Виндзор, синот на војводата и војвотката од Сасекс, наполни две години, некои британски медиуми објавија стари фотографии од него и семејството, повеќето од нив датираат од 2019 година.

 

 

И неколку понови, најверојатно од минатата или оваа година.

Related posts

Доколку ги имате овие симптоми, можеби имате проблеми со срцето, вели кардиолог

CityLife

Опра Винфри има финансиска корист од промовирање на Оземпик

CityLife

Вучиќ направи снешко во Давос и го закити со капа и шал со српски симболи

CityLife