Стриминг сервисот Спотифај (Spotify) одбележува 20 години постоење, а по тој повод за првпат објави листи на најслушаните содржини во својата историја.
Листите откриваат кои изведувачи, албуми, песни, подкасти и аудио-книги биле најпопуларни на глобално ниво во изминатите две децении. Податоците се составени врз основа на слушањето на стотици милиони корисници ширум светот, а заклучно со април 2026 година.
Најголемите рекордери се:
Најслушан изведувач на сите времиња – Тејлор Свифт
Најстримуван албум на сите времиња – „Un Verano Sin Ti“ – Бед Бани (Bad Bunny)
Најслушана песна на сите времиња – „Blinding Lights“ – Д Викенд (The Weeknd)
Најслушан поткаст – „The Joe Rogan Experience“
