Се продава „Бентли“, сочуван, кралицата го возела

Во салонот за автомобили „Брамли мотор кар“, близу Гилдфорд се продава зелен „Барнато Бентли Мулсан“. Одлично сочуван, со мината мала километража, а претходната сопственичка била – кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора.

Фактот дека кралица го возела ова „Бентли“, значи и поголема цена. Слични автомобили што ги користела Елизабета Втора, се нудат и за над 80.000 фунти, а овој би можел да достигне и 200.000 фунти. Луксузниот автомобил е повлечен од возниот парк на кралицата во 2015 година, а од 2013. минал нешто повеќе од 4.000 километри, пишува „Дејли мејл“.

Директорот за маркетинг во салонот „Брамли“, Џек Морган-Џонс, изјави дека тие „имаат среќа што досега имале на продажба неколку кралски автомобили“. – Минатата година продадовме „Рејнџ ровер“, оној во којшто принцот Филип го возеше американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета на Велика Британија, вели тој.

Автомобилот кој се продава е долг 5,5 метри, што е за еден метар повеќе од стандардниот „Бентли“ од овој тип и никогаш немал регистарска табличка. „Бентлито“ на кралицата е единствено, но во основа не се разликува од другите слични нему, освен што било управувано од Нејзиното кралско височество.

Кралицата, наводно, поседува три „Ролс-ројс“, три „Дајмлер“ и две „Бентли“ автомобили како дел од сегашниот возен парк на Бакингемската палата, но има и други возила на нејзините други имоти.

Related posts

„Гугл мапс“ ќе ги насочува возилата по еколошки правци

citylogin

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

citylogin

Овие работи привлекуваат лоша енергија во домот

citylogin