Секој трет маж е подготвен да има повеќе жени

82752 Dzos Ls.jpg

Новото истражување на Универзитетот Свонси фрли светлина врз ставовите кон полигамијата во Велика Британија. Студијата, која опфати 393 хетеросексуални мажи и жени, покажа дека значителен процент од мажите (33 проценти) изразиле подготвеност да имаат повеќе сопруги или долгорочни партнери. Спротивно на тоа, само 11 отсто од жените изразиле интерес за полигамни вррски, доколку тие се легални и консензуални.

Студијата опфати две форми на полигамни врски: полигинија, каде мажот ќе се ожени со неколку жени и полиандрија, каде жената ќе се омажи за неколку мажи. Учесниците беа прашани дали би биле подготвени да го споделат својот партнер со некој друг или да се разделат.

Резултатите покажале дека мажите се три ипол пати повеќе склони кон полигинија од полиандријата. Од друга страна, жените имале двојно поголема веројатност да размислуваат да имаат повеќе партнери отколку да го споделат својот партнер со некој друг.

Полигинијата и полиандријата се алтернативни форми на брак кои се практикувале во различни култури низ историјата на човештвото. Иако овие практики не се законски признати во Велика Британија или широко распространети во популарната култура, тие имаат длабоки корени во некои општества.

На пример, во некои африкански и блискоисточни култури, полигинијата е вообичаена, каде што мажот може да има повеќе жени. Полиандричноста на сличен начин се практикува во заедниците во Тибет и Непал, каде што жената може да има повеќе сопрузи. Овие аранжмани честопати се под влијание на културни, религиозни или историски фактори, пишува Physorg.

Related posts

Мерки во случај на итна помош или смрт на патник во авион

CityLife

Македонката Вртева ја доби престижната титула „инженерка на годината“ во Словенија

CityLife

Иранец нашол злато во отпад, па ѝ го вратил на сопственичката

CityLife