Сека Алексиќ и музичката група поминале осум часа во полициска станица во Цирих

Seka Aleksik Foto Printskrin Instagram2.jpg

Српската фолк пејачката Сека Алексиќ и бендот поминале осум часа во полициска станица во швајцарскиот Цирих. Алексиќ за „Блиц“ ја потврдила информацијата и појаснила дека полицијата дошла на нејзиниот настап во дискотека во Цирих за да ги провери работните дозволи, меѓутоа, утврдила дека истите не се соодветни, па пејачката и членовите на бендот завршиле во полициската станица каде биле приведени да дадат изјави.   -Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. Полицијата зема и моја изјава и му наплати на сопственикот казни за мене и за целиот бенд – рекла Алексиќ.

Related posts

Наутро ви се тресат рацете – дали треба да се загрижите?

CityLife

Се подготвува новата телевизиска серија „Хари Потер“

CityLife

Месечен хороскоп за февруари 2024 година

CityLife