Свадбени ѕвона! Гвен Стефани и Блејк Шелтон ќе се венчаат овој викенд

44933657 0 Image A 15 1625174541762.jpg

Гвен Стефани и Блејк Шелтон се чини дека се подготвени да го врзат јазолот по речиси шест години љубов.

51-годишната поп ѕвезда и 45-годишниот кантри-пејач поднеле барање за дозвола за склучување на брак во Оклахома, објави „ТМЗ“ во четвртокот, додавајќи дека тие веднаш добиле зелено светло.

Овој потег значи дека парот најверојатно ќе се венча наскоро, бидејќи дозволата важи само 10 дена.

Според извори блиски до музичката двојка, тие планираат да стапат во брак во сабота во ранчот во Оклахома, сопственост на Блејк.

Гвен и Блејк се запознаа на снимањето на популарното талент-шоу „The Voice” во 2014 година, а една година подоцна ја започнаа нивната романса.Гвен претходно беше во брак со рок музичарот Гевин Росдејл со кој има и три деца, додека Блејк зад себе има два брака.

Related posts

Kолку навистина дебелеат пивото, виното и жестоките пијалоци?

CityLife

Еве зошто ликерот и виното се најопасните алкохолни пијалоци

CityLife

Спанаќот треба да се подготвува со млеко

CityLife