Родителите на шега му направиле ДНК тест на синот, кога ги виделе резултатите доживеале шок

O 26554595 1024.jpg

Дона и Ванер Џонсон решија да купат комплет за ДНК тест за забава, но еден месец подоцна резултатите од тестот им го свртеа целиот свет наопаку.

Двајцата набрзо дознале дека нивниот тогаш 12-годишен син, кој бил зачнат во клиника за вештачко оплодување, не е биолошко дете на Ванер. Излегува дека имало „забуна“ на клиниката за ИВФ, а јајце клетката на Дона била оплодена со сперма од непознат дарител.

Во интервју за американската телевизија ABC4, Ванер Џонсон изјави дека не му било јасно што се случува кога ги прочитал резултатите од тестот.

-Кога ги погледнав резултатите од тестот, го видов името на мојата сопруга под името на мајката, а под името на таткото – непознато – и си помислив: Како тоа мислите, таткото е непознат?! – изјави тој.

-Јас сум неговиот татко – додаде Ванер.

Оплодена со друга сперма

Ванер и неговата сопруга Дона решија да се подложат на ИВФ третман (ин витро оплодување) во 2007 година, откако не успеаја да зачнат второ дете по природен пат.

Дона рече дека сфатила дека нешто не е во ред кога резултатите покажале дека нивниот постар син е полубрат на помалиот. Поради тестот, тие откриле дека јајце клетката на Дона била „случајно“ оплодена од туѓа сперма за време на процесот на вештачко оплодување.

Можете да разберете дека постои можност да се случи такво нешто, но никогаш не ви паѓа на памет дека може вам да ви се случи! – рече Ванер.

-По откритието имаше многу различни емоции низ кои моравме да поминеме заедно, но љубовта кон нашиот син никогаш не се промени – рекол тој.

За тоа му кажале на својот син дури по една година, кога решиле да го бараат неговиот биолошки татко. Откако успешно го пронашол донатор, Ванер допрел до него и ја открил вистината во, како што го нарече „најлудиот разговор во неговиот живот“.

Се испоставило дека биолошкиот татко на момчето дошол на клиника со својата партнерка истиот ден со нив.

Двете двојка решиле да поднесат тужба против клиниката за плодност.

-Она низ што поминуваме е неверојатно – изјави Ванер.

-Мислевме дека поради се ќе бидат пољубезни и дека ќе комуницира со нас со поголемо внимание, но тоа воопшто не е така – го коментираше односот на клиниката која ја направи оваа грешка.

Related posts

Евровизија ќе го тестира Дамијано за дрога

CityLife

Тајгер Вудс во сообраќајката возел со двојно поголема брзина од ограничената

CityLife

Шарена диета со која Кристина Агилера ослабе 18 килограми

CityLife