Риз Ахмед горд што е првиот муслиман номиниран за „Оскар“

20210407 rizahmed ig.jpg

Риз Ахмед вели дека е многу горд што е првиот муслиман номиниран за „Оскар“ за најдобара актер.

38-годишниот Риз доби номинација за најпрестижната награда за улогата во Sound of Metal („Звукот на металот“), каде го глуми тапанарот Рубен Стоун кој полека го губи слухот по настапите во рок бенд.

Риз се надева дека и муслиманската заедница и заедницата на глуви луѓе ќе го ценат неговиот настап на церемонијата подоцна овој месец.

„Она што ми е важно е што повеќе луѓе да можат да се пронајдат во овој момент,“ рече Риз. „Тоа е филм кој се фокусира на глувите, што навистина недостасува во денешните филмови, и ќе ми биде мило доколку тие можат да се пронајдат себеси во овој филм.“

„Некои луѓе навистина се поврзуваат со идејата дека јас сум првиот номиниран муслиман за главен актер, тоа е убаво и јас го поддржувам тоа.“

Related posts

Трагедија на Октоберфест: Српски државјанин загина на забавна атракција

CityLife

Ѕвездите го поддржаа апелот на УНИЦЕФ за дистрибуција на вакцини

CityLife

Јапонските научници предупредуваат: Зјапањето во екранот го зголемува ризикот од аутизам кај децата

CityLife