Принцот Чарлс и Камила обележаа пресвртница за грчката независност во дводневна посета на Атина

Unnamed file.jpg

На барање на британската влада, принцот од Велс и војвотката од Корнвол отпатуваа во Атина за да ја прослават 200-годишнината од востанието за независност на Грција.

Со оглед на фактот што во изминатата година имаше помалку патувања од која било во поновата кралска историја, веста дека принцот од Велс и војвотката од Корнвол имале безбедно патување до Атина, не е ништо помалку од возбудлива, коментираат британски медиуми.

Кралската двојка, на барање на британската влада, отпатува во Грција вечрта на 24 март, за да ја прослави 200-годишнината од грчката независност на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол последен пат ја посетија Грција во мај 2018 година, а принцот Чарлс само во два наврати ја посетил Грција во службено својство. Се разбира, патувањето ќе има дополнителен оддек со оглед на тоа што таткото на Чарлс, војводата од Единбург, е роден во Грција во грчко и данско кралско семејство, пишуваат британските медиуми.

Related posts

Четири зачини кои можат да ни помогнат ако сме настинати

CityLife

ChatGPT, Gemini, DeepSeek… која вештачка интелигенција халуцинира најмногу?

CityLife

Овие седум чаеви се најкорисни за слабеење

CityLife