Принцот Мајкл од Кент под истрага, го користел кралскиот статус за „да продава пристап“ до Путин

Принцот Мајкл од Кент, 78-годишниот прв братучед на кралицата Елизабета Втора е нов предмет на истрага на „Сандеј тајмс“ и „Ченал 4“. Тој е под сомневање дека неговиот кралски статус го користел за лична корист за да обезбеди пристап до тимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Истражувачки репортери на весникот се претставиле како јужнокорејски инвеститори во злато и менаџмент консултанти од фиктивна компанија House of Haedong која бара контакти во Кремељ за да го прошири бизнисот во Русија.

Во текот на тајно снимена средба преку „Зум“, братучедот на кралицата им рекол на прикриените новинари односно „потенцијални инвеститори“ дека може да ја искористи својата улога како неофицијален амбасадор на нејзиното височество во Русија за да добие пристап до носителите на одлуки во Кремељ. Тој навел сума од 10.000 фунти на ден како хонорар за неговиот ангажман на „доверливи“ презентации во Кремељ.

Во снимениот разговор, тој им побарал и 200, 000 долари доколку сакаат фиктивната компанија да добие негово кралско одобрување. На крајот на разговорот, тој изјавил дека е среќен што го користи својот дом во палатата Кенсингтон како позадина.

Related posts

Кој ќе ме глуми? Бој Џорџ во потрага по актери за биографски филм

CityLife

Поранешниот дом на кралицата и принцот Филип во Малта ќе стане музеј

CityLife

Кендал Џенер откри дека е зависник од социјални мрежи

CityLife