Примерок од првиот стрип „Супермен“ продаден за рекордни шест милиони долари

1713006608 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Примерок од стрипот од 1938 година, во којшто првпат се појавува Супермен, е купен за рекордни шест милиони долари, објави аукциската куќа „Херитиџ окшнс“ што го продаде на наддавање минатата недела.

Стрипот му е продаден на неименуван купувач по највисоката цена досега. Аукциската куќа го опишува „Action Comics #1“ како „најважниот стрип што некогаш бил објавен“ додавајќи дека Супермен е „неверојатно сличен“ на оној каков што го знаеме од стриповите и филмовите денес. Според проценките, во светот денес има само околу 100 примероци од овој стрип, инаку отпечатен пред 86 години. Компанијата „Нејшнал елајд пабликејшнс“ (National Allied Publications), претходник на „Ди-си комикс“ (DC Comics) издала вкупно 200.000 копии.

Американската „Сертифицирана гарантна компанија“ на продадениот примерок минатата недела му даде оценка 8,5 – „исклучително добар“.

Цената од шест милиони долари го надмина претходниот рекорд во продажба на стрипот, чиј главен лик беше и Супермен. Тој стрип е платен 5,3 милиони долари во 2022 година. И други копии од истиот стрип достигнаа милиони со текот на годините, вклучително и онаа што беше продадена за 3,56 милиони долари во 2021 година, објави „Супермен хоумпејџ“.

Оваа копија беше продадена како дел од четиридневното наддавање за ретки стрипови за неколку познати суперхерои.

Related posts

Некои намирници стануваат токсични ако се чуваат во фрижидер

CityLife

Тројан Белисарио се породила во автомобил

CityLife

„Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода

CityLife