Првиот бакнеж на Емили Блант бил хорор шоу

20210528 emilyblunt reuters.jpg

Британската актерка првпат ги споила усните со некого на прослава на својот 13-ти роденден, а сега откри дека бакнежот со момче по име Ешли Кларк не бил совршен филмски момент на кој се надевала.

Опишувајќи го настанот како „хорор шоу“, Емили откри дека играла вртење шише со друштвото на својата родендеска забава, и шишето застанало кај Ешли, за кого рече дека бил високо и убаво момче со фризура од 90-тите. Таа и нејзините другарки го сметале за атрактивен.

Во текот на гостувањето на „Џими Кимел лајф“, таа рече: „Го завртев шишето, застана на Ешли, и помислив: О Боже, ова е тоа.“

„Сега кога слушам за концептот на француско бакнување, си помислувам: Зошто би било пријатно или убаво? И не беше. Бев згрозена од целата работа. Само се сеќавам дека скришно ја бришев устата потоа. Беше ужасно “.

Ѕвездата на „Тивко место 2“ (A Quiet Place Part II) ѝ е добро позната на публиката како „Мери Попинс“. Нејзината работна биографија е навистина долга, но „Ѓаволот носи Прада“ ја вивна во ѕвездите.

Related posts

Гвинет Палтроу ќе биде велнес-советник на џиновски брод за крстарење

CityLife

Зоната на самракот во океанот може да содржи извор на нов пеницилин

CityLife

Доаѓа филмската адаптација на компјутерската игра „Симс“

CityLife