Почна снимањето на „Џон Вик 4“

Фановите на популарниот серијал „Џон Вик“ добија неколку добродојдени вести во понеделникот кога еден од актерите откри дека дека во тек е снимањето на четвртиот дел од акционата сага.

Шамир Андерсон, кој е еден од новите ликови во серијалот со Киану Ривс како титуларен атентатор, на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа столче на локацијата за снимање, што значи дека филмот е пуштен во продукција.

„Започна …“ напиша тој, и ги означи продуцентските куќи кои го снимаат филмот.

Набргу по неговата објава на социјалните мрежи, официјалниот Твитер- профил на Џон Вик сподели фотографија со столот со опис: „Започна продукцијата на JohnWick4.

Филмската франшиза почна кога поранешен платен убиец тргна во потера по насилниците кои упаднаа во неговиот дом, му го украдоа неговиот винтиџ автомобил и го убија неговото сакано куче. Во продолженијата објавени во 2017 и 2019 година, Џон е во бегство откако водачот на бандата ќе постави награда за неговата глава.

Најновиот филм ќе се снима на локации во Франција, Германија и Јапонија.

 

Related posts

Распишана активна потерница за рокерот Мерилин Менсон

CityLife

Спајдермен конечно се враќа дома во „Дизни плус“ во нов договор со „Сони“

CityLife

Бикини што ги носеше Барбара Виндзор во филм од 1969 година се продадоа за 9,500 фунти

CityLife