Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Img 5028.jpeg

Македонскиот пејач Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа се соочуваат со огромна семејна трагедија, почина нивниот четиригодишен син Петар.

Тажната вест ја сподели самиот Стојаноски преку својот профил на Фејсбук.

Петар беше роден во декември 2021 година и беше трето дете во семејството на Маријан и Наташа, кои имаат и две постари ќерки.

Засега во јавноста не се познати повеќе детали за причините за смртта, а семејството се соочува со ненадоместлива загуба.

Маријан Стојаноски е долгогодишен вокален изведувач и член на хорот при Националната опера и балет. Во последните години поретко се појавуваше на музичката сцена, посветувајќи голем дел од времето на приватниот живот и семејството.

Related posts

Љупчо Николовски и сопругата со радосна вест: Очекуваат принова

CityLife

Поранешни вработени ја тужат Ким Кардашијан Вест поради неисплатени плати

CityLife

Лекарите кои ја проучуваат долговечноста тврдат дека ова е најдобрата храна за здрав живот

CityLife