Почина свршеникот на Бренда од серијата „Беверли хилс“

Dejvid Gejl.jpg

Актерот Дејвид Гејл почина на 58-годишна возраст, потврди во неделата на Инстаграм неговата сестра Кејти Колменарес. Причината за смртта е непозната. Дејвид Гејл го играше доктор Џо Сканлон во повеќе од 200 епизоди на Порт Чарлс, спин-оф на серијата Општа болница. Тој го играше и Стјуарт Карсон, вереникот на Бренда Волш (Шенен Доерти) во серијата Беверли Хилс 90210, како и Дин Колинс во сапуницата Савана. -Речиси и немаше ден во мојот живот да не си бил покрај мене, секогаш мој придружник, секогаш мојот најдобар пријател подготвен да се соочи со се’ и секого за мене“, напиша Кејти и додаде: „Секој ден ќе го чувам во моето срце“. „Ти беше прекрасно, сакано и неверојатно човечко суштество кое ќе недостига секоја секунда, секој ден, засекогаш“, напиша таа. Пит Фериеро, водител и продуцент на подкастот Беверли Хилс 90210, зборуваше за смртта на Дејвид. Тој објави снимки од Дејвид од подкастот. „Тој беше исполнет со живот и неверојатни приказни. Благодарен сум што го познавав. Многу сум тажен поради оваа загуба на светот. Тој беше подарок за сите нас“, напиша Фериеро под објавата на сестрата на актерот. Гејл е роден на Флорида во 1965 година.

Related posts

Диетата 16:8 значително го зголемува ризикот од смрт од срцеви заболувања, тврди нова студија

CityLife

Излегуваат банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс

CityLife

Патики на Каније Вест продадени за рекордни 1,8 милиони долари

CityLife