Почина модниот дизајнер Албер Елбаз

4037.jpg

Дизајнерот Албер Елбаз, кој работеше во некои од најпознатите модни куќи во Франција, почина во саботата во Париз на 59-годишна возраст.

Елбаз, можеби најпознат по неговата работа во „Ив Сен Лоран“ и „Ланвин“, почина од Ковид-19, соопшти моднаta компанија „Ричемонт“ со која тој реализира свој моден проект и создаде сопствен бренд.

Од 2001 до 2015 година, Елбаз беше уметнички директор во „Ланвин“ и беше заслужен за подмладување на брендот.

Миленик на познати личности како Мерил Стрип и Натали Портман, тој неодамна започна свој бренд, AZ Factory.

Неговиот деловен партнер Јохан Руперт ја пофали неговата инклузивна визија за модата и рече дека Елбаз работел да ги реализира своите соништа за паметна мода.

Related posts

САД забрани повици со човечки гласови создадени со ВИ

CityLife

Дејвид Бекам откри зошто ја одбрал Викторија: „Сакам силна жена“

CityLife

Шварценегер по вградувањето на пејсмејкер е подготвен за снимање

CityLife