Пол Сајмон ја продаде целата своја колекција песни

IB3HGZNDCFDTLABGG6EUAVO6OY.jpg

Пол Сајмон го продаде сиот свој каталог на песни на компанијата „Сони мјузик паблишинг“ за необјавена сума.

Договорот опфаќа повеќе од шест децении музика – од песните на Сајмон и Гарфанкел како Bridge Over Troubled Water и Mrs Robinson – до соло хитовите како You Can Call Me Al и 50 Ways To Leave Your Lover.

Сajмон рече дека е задоволен што го има Сони како „чувар на неговите песни за следните децении“.

Тој е најновиот во низата култни музичар кој ги предадоа своите права за објавување.

Боб Дилан минатата година ги продаде своите песни на ривалот на „Сони“, „Јуниверзал мјузик“ за приближно 400 милиони долари, а Нил Јанг во јануари продаде половина од својот каталог песни на „Хипнозис сонгс фанд“ за околу 150 милиони долари.

Деби Хари, Бери Манилоу, Шакира и Стиви Никс склучија слични зделки – тргувајќи ги своите идни авторски права за деветоцифрени исплати однапред.

Related posts

Пронајден мртов кит во џунглата на Амазон, мистерија е како се нашол таму

CityLife

Ѓорѓе Давид доби дозвола да ја напушти Македонија

CityLife

Клои Кардашијан тешко се справува со притискот да изгледа совршено

CityLife