Половина час на воздух – за долг живот

Чаршија 1.jpg

Возрасните мажи може да го продолжат својот животен век со умерени физички активности на чист воздух. Таков едноставен рецепт им препорачале британските доктори на пензионерите во земјата.

Смртноста меѓу претставниците на машкиот пол од третото доба може сериозно да се намали. За таа цел се што е потребно е повозрасните мажи да минуваат барем половина час во прошетки или работа во градината.

Британските медицински лица дошле до таков резултат откако ги разгледале сите негативни последици од долгото седење на оваа возрасна категорија на лица. Експертите следеле за здравствената состојба и динамиката на смрт кај 1 181 британски мажи на возраст над 78 години. За секој човек набљудувале 5 години во текот на кои починале 194 од испитаниците.

Специјалистите предупредуваат дека прекумерените физички активности може да го имаат спротивниот ефект. Тие порачуваат дека најефективни се прошетките со миленикот или краткатрајана работа во градината.

Бројот на клетки со количество на променети хромозоми со годините расте. Со тоа и се објаснува процесот на стареење. Се менува активноста на гените одговорни за делење на клетките со посредство на митоза- процес со кој клетките се размножуваат и на тој начин се обновуваат јадрата во организмот, велат експертите.

Научниците се убедени дека нивните испитувања ќе помогнат да се разработат нови методи во борбата против стареењето

Related posts

Кралицата ќе го одбележи својот роденден тивко оваа година

CityLife

Како да го спасите јадењето кое е премногу солено, луто, слатко…

CityLife

Алесандра Амброзио на одмор во родниот Бразил заедно со Ричард Ли

CityLife