Поддршката на Меланија за Трамп уште еднаш изостана

Donald I Melanija.jpg

Откако американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп  победија на претседателските прелиминарни избори на нивните партии во вторникот, поставувајќи историски реванш на општите избори во ноември и покрај нискиот рејтинг за двајцата кандидати, Трамп на својот имот Мар – Лаго одржа голема прослава, од која отсуствуваше неговата сопруга Меланија Трамп.

Повеќе од очигледно беше дека Меланија Трамп не се појави на големата прослава што Доналд Трамп ја организираше на својот имот Мар-а-Лаго, по победата над прелиминарните избори на партиите за претседателските кандидати. Неговиот одличен настап на изборите одржани на т.н Супер вторник лесно може да значи дека Трамп ја обезбеди својата трета последователна претседателска номинација, и покрај тоа што се соочува со низа кривични пријави.

А во таа голема прослава изостана поддршката од неговата сопруга во позлатената сала на клубот, каде 77-годишниот Трамп зборуваше пред стотина најверни гласачи.

„Тоа беше неверојатна ноќ, неверојатен ден, тоа беше неверојатен период во историјата на нашата земја“, рече Доналд Трамп додека неговите синови Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп гледаа со гордост од публиката.

Поддршката на неговата миленичка Иванка Трамп изостана, но таа веќе јасно стави до знаење дека не се сложува со тоа нејзиниот татко да учествува во оваа нова политичка трка.

Отсуството на Меланија го забележаа и корисниците на социјалните мрежи: „Беше супер вторник. Неговиот победнички говор. Беше во Мар-а-Лаго, но неговата сопруга Меланија не беше таму“, „Тој се обидува да ги натера жените да го поддржат, но се чини дека не оди добро кога најважната жена во неговиот живот не го поддржува“, „Зошто Трамп беше толку тажен синоќа? Требаше да биде среќен по таков успех во Супер вторник. Дали можеби Меланија не беше таму за да го поддржи? Мислам дека нешто се случува со нив“.

Иако добро информирани извори не толку одамна тврдеа дека Меланија ќе ги засили дипломатските настапи во 2024 година за да му помогне на нејзиниот сопруг да победи уште една претседателска кандидатура, судејќи според нејзиниот последен потег, тоа нема да биде така.

Related posts

Ангелите паднаа! „Викторијас сикрет“ ја менува стратегијата на супермодели облечени во долна облека

CityLife

Вакцината против Ковид-19 го намалува ризикот од срцеви заболувања и згрутчување на крвта

CityLife

Министерот Османи доби син

CityLife