Од 007 до приватен детектив: Даниел Крејг ќе глуми во трилер серијал

Даниел Крејг го стави својот потпис за нова филмска франшиза откако се збогува со улогата на тајниот агент Џејмс Бонд.

Тој треба да глуми во две продолженија на крими трилерот „Нож во грб“ (Knives Out) од 2019 година, што ќе се емитува на „Нетфликс“ во договор вреден стотици милиони долари.

„Нетфликс“ минатата недела соопшти дека ги откупил правата за двете продолженија кои Крејг повторно ќе го спојат со режисерот Рајан Џонсон (познат по „Војна на ѕвездите“).

„Варајети“ и „Дедлајн Холивуд“ веќе објавија дека „Нетфликс“ платил 450 милиони долари за правата на двете продолженија, една од најголемите зделки од ваков вид досега.

Стриминг-гигантот одби да ги коментира финансиските детали на договорот, но рече дека некои извештаи не се точни.

Во Knives Out, мистериозен крими трилер во стилот на Агата Кристи, Крејг е приватен детектив, а другите актери се Џејми Ли Кертис, Крис Еванс, Дон Џонсон, Ана де Армас и Кристофер Пламер.

Related posts

Шест намирници кои го поддржуваат имунолошкиот систем и треба често да ги јадеме

CityLife

Пет трикови за побрз раст на косата

CityLife

Почина модниот дизајнер Албер Елбаз

CityLife