Нов Зеланд има најдобра рамнотежа меѓу животот и работата, според Глобалниот индекс за 2025 година

Image 2026 04 18 205154809.png

Според Глобалниот индекс на рамнотежа меѓу животот и работата за 2025 година, Нов Зеланд и Велингтон се на врвот на листата, заземајќи го првото место меѓу 60 држави и нивните главни градови, трета година по ред, со вкупна оценка од 86,87 од 100.

Глобалниот индекс на рамнотежа меѓу животот и работата се заснова на индикатори и показатели како што се законскиот годишен одмор, боледување, платено породилно отсуство, минимална плата, пристап до здравствена заштита, просечно работно време неделно, безбедност и задоволство од животот. Во извештајот се наведува дека Нов Зеланд комбинира релативно кратка работна недела од 33 часа, 32 дена законски годишен одмор, 26 недели платено породилно отсуство и универзален систем за здравствена заштита.

Во првите 10 земји со најдобар баланс се Ирска, Белгија, Германија, Норвешка, Данска, Канада, Австралија, Финска и Шпанија.

Ирска е на второто место, главно поради комбинацијата од висока минимална плата, 30 дена одмор по закон, 26 недели платено породилно отсуство и многу добри безбедносни евиденции. Просечната работна недела тука е 34,3 часа, што е меѓу подобрите резултати во Европа. Белгија се најде на третото место, со релативно кратка просечна работна недела од 34,1 час, 30 дена годишен одмор и стабилна социјална заштита.

Германија е веднаш зад нив, со просечна работна недела од 33,2 часа, 30 дена законски одмор и високо ниво на институционална безбедност.

Норвешка е петта, откако постигна особен напредок благодарение на своите политики за родителство. Извештајот наведува 35 дена одмор, 49 недели платено породилно отсуство и просечна работна недела од 32,6 часа. И другите нордиски земји, исто така, се на повисоките места. Данска е шеста – со 35 дена празници и просечна работна недела од 32,5 часа. Се наведува и дека Холандија има најкратка просечна работна недела меѓу анализираните земји – со 30,5 часа, иако не е меѓу првите 10 држави.

На седмото место е Канада, благодарение на својот универзален систем за здравствена заштита, силната заштита на вработените за време на боледување и просечната работна недела од 35,2 часа. На осмото место е Австралија, со 30 дена законски празници, просечна работна недела од 32,29 часа и висока минимална плата.

Финска е на деветтото, Шпанија – на 10. место.

Од македонското поблиско соседство, Грција т.е. Атина се на место број 20, Романија и Букурешт – на 28-то, а Турција т.е. Анкара го зазедоа 48. место

Важно е да се напомни дека ваквите рангирања не го мерат само бројот на работни часови. ОЕЦД, на пр., го следи и годишниот број на вистински одработени часови, што е само еден дел од „поголемата слика“, забележува „Н-1“. Затоа земјите со добра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот генерално комбинираат пократко работно време, побезбедни услови за работа, подолги одмори и подостапна здравствена и семејна грижа.  

Related posts

Џиновски праисториски носорог бил најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата

CityLife

Научниците открија кои мириси ја подобруваат продуктивноста

CityLife

Еве кои четири хороскопски знаци ќе се опарат до крајот на месецов

CityLife