НОВОГОДИШНА ГАЛАМА НА ТЕЛМА ТВ – ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ

Capture 1 1.png

И оваа година најчесто поставуваното прашање во декември е: Каде за Нова Година? Телевизија Телма сепак го има најдобриот одговор! Во топлината на својот дом и традиционалната новогодишна трпеза на 31 декември бидете на Телма. Од Македонскиот Народен Театар – директно во вашите домови ќе направиме Новогодишна галама. Вашите домаќини Јана Стојановска и Жаре Бербер со своите гости ветуваат одличен дочек на новата 2025 година и уште подобро испраќање на старата 2024та.

Стартот на новогодишната програма на 31 декември е во 21.15 минути а Јана и Жаре низ разговор и песна ќе ги дочекаат своите гости: Миле Кузмановски, Елена Велевска, ДНК, Стојне Николова, Зуица Лазова, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Стефан Николовски, Анета Молика, Мишел Трајковски и многу други кои заедно со Галама бенд ќе се погрижат атмосферата во вашиот дом да ја направат славеничка…

Не дозволувајте да ви раскажуваат и во новата година влезете гласно.. можеби со Новогодишната галама на Телма, ќе ги растераме сите лоши моменти од минатото и ќе се радуваме на убавите моменти кои престојат. Затоа да галамиме заедно и погласно. Јана и Жаре ветуваат одлична забава! Новогодишна галама на 31 декември од 21 часот и 15 минути…

The post НОВОГОДИШНА ГАЛАМА НА ТЕЛМА ТВ – ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ appeared first on 24info.mk.

Related posts

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

CityLife

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

CityLife

Дневен хороскоп за 16 Јуни 2026 година

CityLife