Новиот Џејмс Бонд критикуван затоа што се оженил со постара жена

зе.jpg

Арон Тејлор-Џонсон и неговата сопруга Сем често се цел на негативни коментари поради нивната голема разлика во годините.

Актерот Арон Тејлор-Џонсон (33), наводно новиот Џејмс Бонд, проговори за бракот со Сем Тејлор-Џонсон (57) и нивната разлика во годините. Сопружниците често се цел на негативни коментари поради нивната голема разлика во годините, а актерот вели дека таквите коментари му се бизарни.

Она што треба да го разберете е дека на 13 години правев работи што повеќето луѓе ги прават во своите 20-ти. Дали нешто e пребрзо за другите? Не го разбирам тоа. Со која брзина треба да уживаме во животот? Мене ми е бизарно, изјави актерот за „Ролинг стоун“, кој ретко го коментира приватниот живот. Тој исто така рече дека неговата сопруга е „одличен филмаџија и прекрасен раскажувач“ и дека критиките на публиката често им пречат.

„Се чувствувам заштитен. Многу е тешко. Има дел од мене што чувствува дека ако нешто не успее, јас сум виновен. Луѓето ја гледаат и перципираат оваа работа во врска со мојата кариера и тоа е во ред. Но, јас само се обидувам да ги балансирам семејството и работата. Правам нормални работи, одам на забар. Кариерата не мора нужно да биде во втор план, но треба поинаку да размислувате за одлуките што ги носите“, рече тој.

Арон и Сем се запознале во 2009 година на снимањето на филмот Nowhere Boy. Тој тогаш имаше 18 години, а таа 42. Арон беше главниот актер и го отелотвори ликот на Џон Ленон, а Сем го режира филмот.

Три години подоцна се венчаа, а заедно имаат две деца, Вајлда (13) и Роми Херо (11). Сем има две ќерки од првиот брак, Анџелика (25) и Џеси (15).

Related posts

Ал Пачино на опуштена прошетка во Беверли Хилс

CityLife

Пет неверојатни придобивки од смокви натопени во вода преку ноќ

CityLife

Шварценегер се враќа во градинка да обучува мали суперхерои

CityLife