Негативен е тестот за дрога на победниците на Евровизија

Негативен е тестот за дрога на пејачот Дамијано Давид – фронтмен на „Мансекин“, италијанската рок-група која победи на Евровизија, соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

„По обвинувањата за употреба на дрога во Зелената соба на големото финале на Евровизија во саботата, ЕБУ како што побара италијанската делегација, изврши темелно разгледување на фактите, вклучително и проверка на сите достапни снимки . Доброволно беше спроведен тест за дрога од страна на главниот пејач на групата ‘Менескин’, а резултатот е негативен“, соопшти ЕБУ.

Европската радиодифузна унија заклучи дека со оглед на тоа што не се користела дрога во Зелената соба, случајот го сметаат за затворен.

„Вознемирени сме што неточните шпекулации кои создадоа лажни вести го засенија духот и исходот од изборот и имаа нефер влијание врз групата. Уште еднаш им честитаме на ‘Мансекин’и им пожелуваме огромен успех“, соопшти ЕБУ.

Обвинувањата за консумација на дрога се појавија поради кадар од ТВ-преносот, каде што пејачот се наведнува кон масата и изгледа како да шмрка кокаин, меѓутоа не се гледа дрогата. Прашан за случајот, тој одговори дека се наведнал оти еден од членовите на бендот скршил чаша крај неговите нозе.

Претходно денеска, за Италијанските медиуми пејачот изјави дека не е толку глупав за да користи дрога пред камера.

Related posts

Џaстин Бибер ги замоли фановите да не се собираат пред неговиот дом

CityLife

Луцифер се враќа за второто полувреме на петтата сезона

CityLife

Тина Тарнер се повлекува од јавниот живот со емотивен документарец

CityLife